Make It |
Make It |
Make It |
Make It |
Профил
Arcuss Design е компанија која успешно делува од 2000 година. Специјализирана е за производство на печатени материјали со врвен квалитет. Денес печатницата нуди целосна услуга, од креативен дизајн преку висококвалитетно печатење до професионална доработка на производите. Квалитетот е наш предизвик и цел.
Структура
Во Arcuss Design моментално се вработени 30 лица од различен образовен и стручен профил (академски сликари, графичари, дипл. ел. инженери и економисти). Еден краток пресек на организационата структура би изгледал вака: раководство, финансии, маркетинг и продажба, графички дизајн, печатење и доработка.
Основни принципи
-
Политика на инвестирање во нови машини од реномирани производители е наш врвен приоритет.
-
Перманентен тренинг на вработените со помош на Heidelberg тренинг центарот.
-
Посветеност кон работата на сите учесници во процесот на производство.
-
Професионален и едуциран менаџмент.
Стратегија и визија
-
Следење на новите трендови и технологија во печатењето.
-
Освојување на купувачите со постојано подобрување на квалитетот на услугите.
-
Одговорност и доследност во извршување на задачите.
-
Работење со строга посветеност на квалитетот за да создадеме производ кој на нашите клиенти ќе им помогне и самите да го унапредат својот бизнис.
Сертификати
Воведување на стандарди во работењето е неопходно за успешно спроведување на работните задачи. Затоа воведовме интегриран систем за управување со квалитет и животна средина кој е имплементиран, документиран и се управува согласно барањата на стандардот ISO 9001 и ISO1400.